Процесот на сертификација од страна на MQS се одвива со ангажирање на постојано вработени аудитори во нашата компанија, а исто така и од страна на надворешни аудитори од Quality Austria со кои MQS има соработка.

Тимот на аудитори врши оценување на системите за менаџмент во организациите и изготвува извештај, а раководството на MQS ја донесува одлуката за сертификација. На тој начин се обезбедува лицата кои донесуваат одлуки за сертификација и ресертификација да не бидат истите кои го извршиле оценувањето на системот во организациите.

Сите аудитори на MQS се високо обучени и квалификувани според критериумите на Европската организација за квалитет (EOQ).

Аудиторите на MQS се истовремено и аудитори за Quality Austria и истите поседуваат долгогодишно искуство во оценување на системите за управување:

  • Mенаџмент системи за квалитет ISO 9001:2015
  • Менаџмент на животна средина ISO 14001:2015
  • Безбедност и заштита при работа OHSAS 18001:2007
  • Безбедност на прехрамбени производи HACCP
  • Безбедност на информации ISO 27001:2013
  • ИТ сервис менаџмент ISO 22000:2011
  • Управување со енергија ISO 50001:2011