Нашата поддршка во оваа ситуација

Справување со COVID-19 – нашата понуда за Вас

Моменталната ситуација со корона вирусот (COVID-19) представува голем предизвик за сите. Се обидуваме да ги одржиме нашите услуги кон вас колку што е возможно и се обидуваме да Ви обезбедиме сигурност во планирањето на сертификационите активности. Затоа, сакаме да Ве информираме за начините како да Ве поддржиме во областа на сертификација на системите.

 

Сертификација на системи

Ние ве поддржуваме – нашите експерти Ви се достапни во секое време преку телефон или email.

После детална проценка и евалуација на ризиците, како и појаснување со одредената контакт личност од MQS, треба да се евалуира следново:

  • Дали аудитот може да се одржи како е планирано?
  • Одредување на ограничувањата:
    • Дали делови од компанијата може да се аудитираат?
    • Кои лица се достапни?
    • Дали постои знаење/технологија за методи за работа од далечина (remote), видео конференција и сл.?

Методот за аудит ќе биде одделно дефиниран за секоја организација. Зависи од тоа каков тип на аудит е планиран (ресертификација или надзорен аудит), за кои стандарди/модели се сертифицира, за кој сектор/бранша како и поврзаните ризици кон продуктот или процесите. Вашиот аудитор е контакт за појаснување на овие прашања.

Напомена: за специфични (не ISO) стандарди и сертификација на производи возможно е да постојат одделни правила за оваа ситауција. Во ваков случај контактирајте го вашиот аудитор или продукт менаџерот во MQS.

 

Реализација на аудитот, remote аудит или одложување на аудит?

Кога и да е можно, аудитот мора да биде спроведен. Ако тоа не е можно во вообичаената форма како on-site аудит, аудиторот заедно со Вас ќе одреди како може да се продолжи.

Каде е возможно, методите за remote аудит ќе се користат. Возможноста зависи од неколку фактори. Во некои стандарди постојат спецификации на темите (пр. Критични процеси, градежни / привремени локации и сл.) кои мора да бидат аудитирани на лице место. Во крајна сметка, мора да се гарантира дека сите релевантни теми се проверени во аудитот.

Ве молиме контактирајте го Вашиот аудитор поскоро со цел заеднички да развиете план за следни чекори.

 

Совети за remote аудити

Ако веќе поседувате софтвер за видео конференции, тогаш е најдобро истиот да го искористите за престојниот аудит. Вашите вработени може да работат ефикасно заедно со аудит тимот. За аудитот е неопходно за се прегладаат документите заедно со аудиторот. Дополнително, пожелно е сите вклучени во аудитот да погледнат видео од аудитираниот. Ако имате камера на мобилниот телефон, тогаш не само документи, туку и самите локации може да се прегледаат. Безбедност на информациите е многу важен аспект за време на remote аудитите, затоа обезбедете доволна end to end  енкрипција на податоците.

Тестирајте го вашето техничко решение пред аудитот, бидејќи често се губи драгоцено време додека сите може да „се видат и чујат“ помегу себе.

 

Обуки и сертификација на лица

Вашата компетентност е наша грижа. Моментално не сме во можност да одржуваме обуки во нашиот тренинг центар, но Ви ги препорачуваме следните обуки/webinar-и:

  • Систем за управување со квалитет ISO 9001
  • Систем за управување со животна средина ISO 14001
  • Систем за управување со безбедност и здравје при работа ISO 45001
  • Систем за управување со Business Continuity ISO 22301
  • Систем за управување со ризици ISO 31000
  • Систем за управување со безбедност на храна ISO 22000
  • Постојано подобрување – принципи, методи и алатки
  • Webinar по нарачка. Клиентите може да побараат специјално подготвена тема за нивните вработени согласно постоечкото портфолио на обуки на MQS, во сегментот на awareness обуки кои не вклучуваат испити