• Непристрасност

Одлуките за издавање на сертификат се базираат исклучиво на објективни докази за непостоење на неусогласеност. За обезбедување на непристрасноста на МКС Доо е назначен комитет за непристрасност со одлука каде се наведени членовите и нивните задачи и задолженија.

  • Компетентност

Компетентноста на аудиторите е дефинирана во соодветните документи кои со партнерските односи се однесуваат и на МКС Доо : PB_12_05 – Селекција и номинација на аудитори, RЕ_12_07_01_10 – Модел за оценка на аудитори, РЕ_12_ 07_01_12 – Одржување на квалификации на аудитори.

  • Одговорност

Клиентот ја има целосната одговорност за усогласеноста со барањата за сертификација. Проверките се реализираат на принцип на случаен избор, што е дефинирано во Општи правила и прописи (General terms and conditions).

  • Транспарентност

Информациите за издадени сертификати и референтна листа се достапни при барање. Исто така за QA сертификатите овозможена е проверка на валидноста на сертификатот преку едноставно интернет пребарување на веб страната на партнерот Quality Austria: www.qualityaustria.com

За MQS сертификатите информациите може да се добијат по пат на формално поднесено барање до МКС доо (пошта или office@mqs.com.mk)

  • Доверливост

Доверливоста на информациите помеѓу клиентот е МКС доо е загарантирана и верифицирана со потпишувањето на договорот и понудата за сертификација.