За организациите кои имаат сертифицирано повеќе стандарди, MQS  предложува сертификација на интегриран менаџмент систем со тоа што ги истакнуваме придобивките од сертификација на интергрираните системи (подолу се илустрирани).

Периодичните проверки на Интегрираниот Менаџмент Систем од различни гледишта на стандардите заедно со целта за континуирано подобрување  промовираат пренесување на знаењето во самата организација како и процес на континуирано учење. Сепак, проверките се платформа за учење.

Понатаму, обезбедувањето на квалитетот, усогласеност со законските обврски, подобрување на заштита на животната средина, зголемување на мотивацијата кај вработените и нивната компетентност, консолидација на автентична слика на организацијата – внатре во самата организација и кон надворешните заинтересирани страни, како и намалување на бројот на повреди се главните придобивки од Интегрираниот Менаџмент Систем.

Подолу се резултати од анкета спроведена од партнерската организација Quality Austria кај своите сертифицирани клиенти .

Илустрирани се придобивките од ISO 9001 сертификацијата и од сертификација на ИМС – во проценти.

ims